НБА: Дончиќ реди рекорди, нова победа на Далас! (ВИДЕО)

фото:твитер

Маверикси беа подобри од Кавалирси во секој сегмент од играта. Колку домашниот тим беше доминантен говори и податокот дека втората четвртија ја доби со 37:16, а третата со 45:29.

Повторно се истакна Лука Дончиќ. Младиот Словенец за 29 минути на теренот постигна 30 поени (11/18 од игра, 4/8 за три), а имаше и седум скокови и 14 асистенции.

Дончиќ така се промовираше во најмладиот кошаркар во НБА кој во три натпревари по ред има +30 поени и +10 асистенции.

Џастин Џексон од клупата забележа 19 поени (4/9 од игра) и шест скокови. Меѓу Кавалирси најрасположен беше Дариус Гарланд со 23 поени (9/16 од игра).

За Далас ова е четвртата победа во низа (10. оваа сезона), а Кливленд никако да ја прекине лошата серија, бидејќи го претрпе и шестиот пораз по ред.

На дуелот Денвер Нагетс – Бостон Селтикс, кој има припадна на домашните со 96:92, американскиот репрезентативец Кемба Вокер, во втората четвртина се здоби со повреда на вратот. Вокер бил пуштен од болница и добил дозвола да се врати со тимот во Бостон, каде ќе му бидат направени нови детални испитувања.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Атланта Хокс 128:103
Вашингтон Визардс-Шарлот Хорнетс 125:118
Бруклин Нетс-Сакраменто Кингс 116:97
Чикаго Булс-Мајами Хит 108:116
Оклахома Сити Тандер-Лос Анџелес Лејкерс 127:130
Филаделфија Сиксерс-Сан Антонио Спарс 115:104
Далас Маверикс-Кливленд Кавалирс 143:101
Денвер Нагетс-Бостон Селтикс 96:92
Јута Џез-Голден Стејт Вориорс 113:109
Лос Анџелес Клиперс-Хјустон Рокетс 122:119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот