НБА: Дончиќ конечно запрен, Клиперси подобри од Далас! (ВИДЕО)

фото:youtube

Доцна синоќа само два натпревари во НБА лигата беа одиграни, а триумфи забележаа екипите на Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс. Составот од Лос Анџелес како гостин без поголеми проблеми го совлада Далас со резултат 114:99.

За разлика од многу тимови досега оваа сезона, играчите од Лос Анџелес успеаја да го запрат Лука Дончиќ и тоа на крајот им донесе победа.

Словенецот имаше 22 поени, осум скокови и шест асистенции, но погоди само четири шутеви од 14 обиди, воедно не ги реализираше сите осум обиди за три. Очекувано во победничките редови најефикасни беа Кавај Ленард (28) и Пол Џорџ (26 поени).

Во вториот дуел Денвер дојде до 13. триумф над Вашингтон најмногу благодарение на Џерами Грант (20 поени). Кај екипата од главниот град прв стрелец беше Џордан МекРи кој мечот го заврши со 21 кош.

НБА, резултати –

Далас Маверикс-Лос Анџелес Клиперс 99:114
Денвер Нагетс-Вашингтон Визардс 117:104

Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 15-2
2.Денвер Нагетс 13-3
3.Лос Анџелес Клиперс 13-5

Источна конференција:
1.Милвоки Бакс 14-3
2.Торонто Репторс 12-4
3.Мајами Хит 12-4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот