НБА: Џејмс ги враќа Лејкерси на шампионските патеки! (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

За Лос Анџелес Лејкерс ова беше 15. победа оваа сезона и има досега само два порази, додека Сан Антонио го запиша дури 12. пораз во НБА лигата.

Лејкерси од самиот почеток играше многу добро, иако Сан Антонио даде добар отпор, на крајот немаше сили за пресврт против некогашниот голем ривал.

Гостите од Лос Анџелес до триумфот дојдоа најмногу благодарение на одличниот ЛеБрон Џејмс кој мечот го заврши со 33 поени, 14 асистенции и три скокови.

Последен пат Лејкерси ја почувствуваа шампионската титула во 2010 година под раководство на тренерот Фил Џексон.

Зад него беше Ентони Дејвис со 19 поени, 12 скокови и шест асистенции. На спротивната страна се истакна ЛаМаркус Олдриџ со 30 поени и пет скокови, додека ДеМар ДеРозан забележа 24 поени, пет асистенции и четири скокови.

НБА, резултати –

Кливленд Кавалирс-Бруклин Нетс 106:108
Детроит Пистонс-Орландо Меџик 103:88
Индијана Пејсерс-Мемфис Гризлис 126:114
Атланта Хокс-Минесота Тимбервулвс 113:125
Бостон Селтикс-Сакраменто Кингс 103:102
Мајами Хит-Шарлот Хорнетс 117:100
Торонто Репторс-Филаделфија Сиксерс 101:96
Чикаго Булс-Портланд Трејл Блејзерс 94:117
Милвоки Бакс-Јута Џез 122:18
Сан Антонио Спарс-Лос Анџелес Лејкерс 104:114
Голден Стејт Вориорс-Оклахома Сити Тандер 97:100

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот