НБА дербито им припадна на Клиперси! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Лос Анџелес Клиперс го совлада Торонто Репторс со 98:88 доцна синоќа во НБА лигата, а нов веќе деветтиот пораз во 11. натпревар го претрпе Голден Стејт Вориорс.

Јута на гостувањето кај Голден Стејт од почетокот на мечот беше подобра екипа и на паузата имаше предост од дури 15 кошеви разлика (69:54).

„Џезерите“ имаа дури „+20“ позитива во еден момент, а во редовите на „воините“ освен Дианџело Расел немаше друг расположен играч.

Тој дуелот го заврши со 33 поени, а на спротивната страна во победничките редови Руди Гобер забележа 25 поени (13 скокови).

Торонто на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс фуриозно стартуваше во средбата и водеше со 23:15 после првата четвртина, но одговорот следуваше во втората делница од домашниот состав.

Водеа Клиперси во третата четвртина, но не направија позначајна разлика, па тоа го искористи Торонто и да го сврти резултатот во своја корист.

Лу Вилијамс имаше 21 поен во дресот на тимот од Лос Анџелес, додека Кавај Ленард заврши со „само“ 11 скокови и девет асистенции, а за Репторси Паскал Сиама запиша 16 поени.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Минесота Тимбервулвс 114:120
Бостон Селтикс-Далас Маверикс 116:106
Сан Антонио Спарс-Мемфис Гризлис 109:113
Њу Орлеанс Пеликанс-Хјустон Рокетс 116:122
Голден Стејт Вориорс-Јута Џез 108:122
Лос Анџелес Клиперс-Торонто Репторс 98:88

Табела:

Источна конференција –
1.Бостон Селтикс 8-1
2.Милвоки Бакс 7-3
3.Торонто Репторс 7-3

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 7-2
2.Денвер Нагетс 7-2
3.Лос Анџелес Клиперс 7-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот