НБА: Чудесниот Јокиќ постигна 24 поени за една четвртина!

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) запиша трипл-дабл учинок и против „џезерите“/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер доцна синоќа го совладаа Њујорк со 113:97, предводени од српскиот играч Никола Јокиќ кој постигна 32 поени.

На тој начин Нагетси се израмнија со Лос Анџелес Клиперс на третата позиција во Западната конференција во НБА лигата.

Иако неговиот настап беше под знак прашалник поради повреда на прст на ногата, Јокиќ реализираше 24 поени во првата четвртина, кога погоди осум од девет обиди. Тој имаше и 12 скока, шест асистенции, по две украдени топки и блокади.

Остин Риверс во триумфот придонесе со 25 поени, а Мајкл Портер со 17 поени и шест скока, а на спротивната страна за Никси Иманиел Квикли запиша 18 поени, а по 14 имаа Булок, Рендл, Барет и Роуз.

Јута беше подобра од Сан Антонио со 126:94 и се врати на првото место на Западот. Кај „џезерите“ доминираше Џордан Кларсон со 30 поени, а за Спарси кои го претрпеа петтиот пораз во низа најефикасен беше Шаманиќ со 15 поени.

НБА лига, резултати –

Орландо – Бостон 96:132
Кливленд – Портланд 105:141
Атланта – Феникс 135:103
Хјустон – Филаделфија 115:135
Индијана – Сакраменто 93:104
Милвоки – Вашингтон 135:134
Минесота – Мемфис 135:139
Денвер – Њујорк 113:97
Јута – Сан Антонио 126:94

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот