НБА: Божикното дерби за шампионот (ВИДЕО)
Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс оствари убедлив триумф во божикната дерби пресметка против Далас маверикс од 138:115. Лејкерси постојано беа во водство, а најзначајниот момент на средбата беше крајот на втората четвртина кога направија двоцифрена предност која ја задржаа до крајот на натреварот.
Ентони Дејвис во првиот триумф за шамионот постигна 28 поени, Леброн Џејмс даде 22, додека во редовите на Далас очекувано прво име беше Лука Дончиќ со 27 поени и седум асистенции.
И вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси славеа на Божик. Тие беа подобри од Денвер нагетс со 121:108 и успеаја барем да се одмаздат за елиминацијата во плеј-офот минатата сезона.
Натпреварот го одбележа потегот на Серж Ибака кој со лакот го удри својот соиграч Каваи Ленард.
?? ¡Brutal KO sangriento de @kawhileonard tras un codazo involuntario de su compañero @sergeibaka! #NBA #NBAXmas #ClipperNation https://t.co/lLNQ3zZ1ef pic.twitter.com/d1W20wVTlc
— MARCA Baloncesto (@MarcaBasket) December 26, 2020
Пол Џорџ со 23 поени беше најпрецизен кај Клиперси, Ленард даде 21 додека во редовите на Денвер, Никола Јокиќ имаше учинок од 24 поени, 10 асистенции и 9 скока, а Џамал Мареј постигна 23 поени.
Бруклин нетс оствари убедлив триумф над Бостон селтикс од 123:95 и покажа дека со здравите Кевин Дурант и Кајри Ирвинг ќе биде сериозен конкурент за титулата.
Ирвинг уфрли 37 поени, додека Дурант застана на бројката од 29 поени.