НБ: Расте кредитирањето, вкупните депозити непроменети

нов закон за брзите кредити

Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

Вкупните депозити се непроменети во споредба со март, а годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата, покажуваат податоците на Народната банка.

Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 6,5 отсто, односно 7,8 отсто.

Кредитирањето на годишна основа на корпоративниот сектор бележи раст од два отсто, додека кај домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот