НБ: Позначајни движења кај останатите финансиски институции во првиот квартал на 2020 година

Народна банка на РСМ
Народна банка на РСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од првиот квартал од оваа година изнесуваат 121.472 милиони денари.

Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 62,2%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 21,3%.

Од аспект на финансиски инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се должничките и сопственичките хартии од вредност со збирно учество од 69,1%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со збирно учество од 90,6%.

НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Соопштението е достапно тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот