НБ и ДЗС ќе го одбележат Денот на европската статистика

Народната банка и Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска со заеднички настан ќе го одбележат Денот на европската статистика.

Годинава, Денот на европската статистика се одбележува под мотото „Подобри податоци. Подобар живот”, а на настанот во Скопје ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на ДЗС, Апостол Симовски и шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

Предавање ќе одржи и Пер Ниманд-Андерсен, советник во Европската централна банка на тема „Улогата на Европската централнoбанкарска заедница во обезбедувањето европска статистика”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот