Навремената евакуација спречи поголема трагедија во Бангладеш

Фото: EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Најмалку две лица загинаа, но навремената евакуација спаси илјадници животи во Бангладеш кој го погоди циклонот Булбу.

Околу два милиони луѓе од сите 13 крајбрежни окрузи се засолнија во повеќе од 5.000 засолништа во саботата навечер, јавија локалните медиуми.

Не се регистрирани поголеми штети во камповите во југоисточниот дел на земјата, каде што живеат стотици илјади бегалци од соседен Мјанмар.

Брзината на ветерот достигна 100 и 120 километри на час, а некои крајбрежни области беа поплавени.

Околу 1.200 претежно домашни туристи останале заглавени на островот Сан Мартин, информира министерот за управување со катастрофи, додавајќи дека тие се безбедни и оти откако ќе ослабне ветрот, сите ќе бидат спасени.

Сезоната на циклонот во Бенгалскиот Залив може да трае од април до декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот