„Навремен, дисциплиниран, прецизен“ – профилот на Путин од разузнавачката КГБ објавен за јавноста

Фото: Alexey DRUZHININ / AFP / Profimedia

Профилот на рускиот претседател Владимир Путин од разузнавачката служба КГБ сега е достапен за јавноста, во големата декласификација на документи од централната архива во Санкт Петербург, објави руски „Москва тајмс“.

Путин, кој служел како шпион на Советскиоит сојуз меѓу 1975 и 1991 година, му даваше големо значење на КГБ за подготовката на неговото претседателство на Русија. Тој ја презема лидерската позиција на земјата во 2000 година, откако кратко ја водеше наследничката на КГБ, разузнавачката ФСБ.

– Другарот В.В. Путин константно ги подобрува неговите идеолошки и политички стандарди. Тој активно е вклучен во мрежата на едукација на партијата. Тој исто така ги подобрува и неговите професионални вештини – пишува во профилот.

Профилот на шест страни за Путин, објавен од телевизијата 78 њуз од Санкт Петербург, ја нагласува неговата „морална стабилност“ и „заслужено заработениот авторитет кој го добива од неговите колеги“.

Рускиот претседател бил стациониран во Источна Германија во 1985 година, откако го завршил неговото високо образованиот во московскиот огранок на училиштето на КГБ. Во 1989 година, тој добил бронзен медал за „извонредна“ работа во Народната армија на Источна Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот