Навреди упатени кон Колинда: Луда русокоса, таа е понижување за Хрватска
Влатка Покос, хрватска пејачка и водителка, во својот последен пост на Инстаграм, не штедела зборови за хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Покос ја нарече Колинда „исмејувачка“, „срам“, „циркузантка“, „пејачка“ и „понижување за Хрватска“, нејзиното однесување за време на нејзиниот мандат го опиша како „мизерно и надвор од умот“.
– Одамна не сум ја коментирла „претседателката“ на дијаспората, затоа што нејзиното однесување е толку мизерно и надвор од умот, што човек и покрај сите гафови успева да остане шокиран. Никој толку не успеал да ја понижи и обезвредни инситуцијата на претседателот, како лудата русокоса- пишува Влатка.
– Хрватска се претвори во примитивна, темна земја, уништена од корупцијата, во која премиерот е во коалиција со криминалци, а Црвенкапа „без слух“ му носи колачи во затвор, пишува Влатка.