НАВРЕДА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ: Фрлале молотови коктели кон бразилски комичари кои го претставиле Исус како хомосексуалец

Фото: ANTONIO LACERDA / EPA

Молотови коктели биле фрлени во седиштето на бразилската група комичари „Порта дос Фундос“, во Рио де Жанеиро за време на Бадниковата вечера, неколку недели откако оваа група објавила филм на Нетфликс, во кој Исус се прикажува како хомосексуалец.

Божиќниот филм кој го снимиле овие комичари под наслов „Првото искушение на Христос“, всушност е 46-минутна комедија која го прикажува Исус како во својот дом го доведува својот наводен љубовник Орландо, за да го запознае со Светото семејство.

Поради ова, речиси два милиони луѓе ширум светот потпишаа петиција со барање да се отстрани овој филм, бидејќи ги навредил Христијаните.

Бразилската група комичари која е позната по снимањето на пародии, соопштила дека во инцидентот, чувар успеал да спречи пожар и дека немало повредени, пренесува Ројтерс.

Државната полиција не била достапна за коментар, а од Нетфликс одбиле да се огласат во врска со овој настан.

„Во текот на раните утрински часови, на 24 декември, на Бадник, седиштето на „Порта дос Фундос“ беше жртва на напад. Кон нашата зграда беа фрлени молотови коктели“, стои на сајтот на оваа актерска група, која освои една Меѓународна Еми нарада за својот празничен специјал минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот