Навратилова му се наврте на Ѓоковиќ: Гледај ТВ или плети шал

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова остро ја осуди одлуката на Новак Ѓоковиќ да ја формира Асоцијацијата на професионални тенисери откако претходно си поднесе оставка од претседателското место на советот на тенисери во АТП.

Ѓоковиќ и Васек Поспишил непосредно пред стартот на УС Опен објавија дека формираа Асоцијација на професионални тенисери (ПТПА) чија цел е да ги штити правата на сите играчи, по што се соочија со бројни критики и напади.
Последниот напад дојде од легендарната тенисерка, Мартина Навратилова.

– Тој мисли дека ја прави вистинската работа. Не се согласувам со него, но тоа е негов избор. Мислам дека би му било подобро да не занимава со тоа, туку енергијата да ја насочи кон тоа тоа што му помага. Кога сте шампион, тогаш треба да се посветитите на спортот. За да се одморите треба да гледате телевизија, да обработувате дрво или да учите како да плетете шал. Тоа може да се опушти. Формирање на нова Асоцијација? Тоа не е корисно на ниту едно ниво. Можеше да го направи кога ќе се пензионира, сега е контроверзно и не е помош. За време на пандемијата на коронавирус се обидува да не подели, а ние треба да се обединиме и да најдеме начин како да се играат турнирите, а луѓето да не заблуваат. Тоа е проблемот на кој треба да се посветиме – изјави Навратилова за „The Irish Times“.

За разлика од Навратилова, Новак Ѓоковиќ во неколку наврати истакна дека работата со ПТПА не го оптеретува туку дека има обврска да им помогне на оние кои немаат „глас“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот