Наводнувањето со вода за пиење предизвикува прекини во снабдувањето во Струмица

Со мотото „Стоп за користење на водата за пиење за наводнување”, ЈПКД „Комуналец” апелира до граѓаните да не ја користат водата за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворовите, бидејќи доаѓа до прекин на водоснабдувањето.

-Водата за пиење претставува скапоцен ресурс и затоа апелираме до граѓаните да не ја користат за наводнување, особено во летниот период, бидејки капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата, стои во апелот на „Комуналец”.

Додаваат дека во руралните средини заради тоа се јавува недостиг од вода за домаќинствата и затоа бараат од граѓаните совесно однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот