НАВОДНАТА СНИМКА ЈА ИМА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МЕТА: Секс скандал во Албанија, вмешан странски амбасадор

Фото: Газета

Во Албанија деновиве на големо се зборува за еден секс скандал, каде е вмешан странски амбасадор. За видеото се произнесе и претседателот на државата Илир Мета, пренесува Газета.

Според пишувањата на албанските медиуми, видеото се држи во тајност од страна на неколку лица со цел да се врши притисок и уценување.

Но, видеото веќе почна да циркулира меѓу јавноста, на почетокот локално за потоа да падне и во рацете на државната разузнавачка служба.

Во видеото протагонисти се еден странски амбасадор, на држава-пријател на Албанија, и вработена во министерството за внатрешни работи на Албанија. Според некои медиуми, објавувањето на видеото освен дипломатски секс скандал, би можело да предизивика и уништување на приватниот живот на лицата на снимката.

Снимката подолго време се наоѓа и во рацете на претседателот Илир Мета, кој пред неколку дена за прв пат прозборе на темата, додавајќи дека видеото би можело во секој момент да биде објавено во медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот