Навивам за Федерер, но Новак е фаворит

Новак Ѓоковиќ без многу мака се пласира во полуфиналето на Вимблдон каде го очекува пресметка со Шпанецот Роберто Баутиста Агут. Не престануваат комплитементите за неговите игри на Вимблдон, а последната пофалба е од еден од најголемите тенисери во историјата.

Освојуачот на 11. гран слем титули и единствен кој успеал на два пати да оствари календарски гран слем (да триумфира на сите четири гран слем турнири во една година), Род Лејвер, смета дека токму Ѓоковиќ е фаворит за титулата.

– Не ги гледав сите мечеви на Ѓоковиќ, но Надал и Федерер играат неверојатно. Не мислам дека Рожер може да игра многу подобро од ова што го прикажува сега. Искрено би сакал РОжер да ја освои титулата. Тој има 38 години, нема уште многу да игра но е еден од големите фаворити за триумф годинава. Сепак, мојот фаворит за пехарот е Новак Ѓоковиќ – вели Лејвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот