Навивачки нереди во кои „играше“ огнено оружје го фрлија во сенка дебито на Васоски на клупата на Сараево

„Хорде зла“ - Навивачи на Сараево/ фото: EPA/FEHIM DEMIR

Пријателскиот натпревар помеѓу Љубушки и Сараево за кого на клупата дебитираше Александар Васоски, имаше и „трето полувреме“ во кое главната улога ја имаа навивачите. Како што пишува „Кликс.ба“,најмалку шест навивачи се приведени.

Нередите се одвиваа на подрачјето на два кантони, западнохерцеговачкиот и Херцеговачко-неретванскиот кантон, а интерневираа полициите од двата кантони.
Околу стотина навивачи на Сараево допатуваа во Љубушки за да го бодрат својот тим, а на полувреме дознале дека некој им ги оштетува автомобилите.

Тие веднаш го напуштиле стадионот и физички се пресметале со навивачите на Зрински од Мостар кои ги оштетиле нивните автомобили, пишуваат медиумите во БиХ.
Во еден момент, за време на тепачката се слушнале истрели од огнено оружје. Наводно, некој пукал во воздух за да се смири ситуацијата.

Но, нередите продолжиле подоцна во Мостар каде се оштетени неколку возила, а најмалку едно лице е повредено и однесено во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот