Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

принтскрин/твитер

Македонските навивачи се задолжени за добрата атмосфера во Букурешт, „фалангата“ доминира на улиците на стариот град, се пеат песни, се забавуваат и се пијат литри пиво, а од денеска добија конкуренција во украинските навивачи.
Украинските фанови денеска пристигнаа во Букурешт за утрешниот натпревар од второто коло и прошетаа низ стариот град каде налетаа на „фалангата“ и моментите беа искористени за заедничко пријателско дружење и неизбежните селфи фотографии.

Видео на денот