Навивачите застанаа во одбрана на Новак: Американците се лицемери

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Информацијата дека американскиот тенисер Френсис Тиафо е позитивен на коронавирус и тоа додека настапуваше за турнирот во Атланта уште еднаш покажа дека медиумите во САД и Велика Британија имаат двојни аршини кога станува збор за Новак Ѓоковиќ.

Имено, веднаш откако Григор Димитров објави дека е позитивен на коронавирус беше прекинат турнирот во Задар, а подоцнежните тестирања покажаа дека позитивни на ковид-19 се уште и самиот Ѓоковиќ, неговиот тренер Горан Иванишевиќ, неговиот кондициски тренер, Борна Чориќ, Виктор Троицки и тренерот на Димитров.

Поради ова, медиумите во САД и Велика Британија остро го напаѓаа Ѓоковиќ, но кога се појави позитивниот тест на Френсис Тиафо и тоа додека беше дел од турнир во Атланта, истите медиуми тоа го објавија како нормална работа.
Поради тоа навивачите ширум светот, а се повеќе и во САД застануваат во одбрана на Новак Ѓоковиќ, посебно откако организаторот на турнирот во Атланта објави дека тој нема да се прекине и ќе се игра до крај.

„Интересно е да се види како тениските медиуми во САД и Велика Британија не беа толку злобни во критиките кон овој турнир и инцидентот како што беше случај со Новак Ѓоковиќ“, напиша корисник на Твитер под прекар „Dazzling_Dazz“ кој не пропушти да му реплицира и на американскиот тениски новинар Брет Хабер.


„Американското лицемерие е ОК“, одговори „Dazzling_Dazz“ на нападите на Хабер кој беше еден од најгласните критичари на Ѓоковиќ.

Таа реакција покрена лавина коментари на социјалните мрежи во кои се осудуваат двојните аршини посебно на американските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот