Навивачите се враќаат на трибините, Будимпешта сака полн капацитет на ЕП!
Навивачите полека се враќаат на стадионите, прашање е колку ќе има навивачи на Европското првенство кое ќе стартува на 11 јуни.
Како што е веќе познато, УЕФА дозволи ограничен број на гледачи да присуствуваат за време на натпреварите на континенталниот собир.
ЕП ќе се одржи во 11 градови, а информациите велат дека Будимпешта (Унгарија) планира да ги отвори трибините на стадионот „Пушкаш арена“ во полн капацитет.
Во Будимпешта во рамките од групната фаза ќе се играат натпреварите Унгарија-Португалија, Унгарија-Франција и Португалија-Франција.
А на мечевите во Санкт Петербург (Русија) и Баку (Азербејџан) се очекува 50 проценти исполнета публика.
Од друга страна, останатите градови домаќини, Амстердам, Рим, Копенхаген, Букурешт, Минхен, Севиља, Глазгов и Лондон се многу повнимателни со најавите околу бројот на навивачи на трибините, кои исклучиво ќе зависат од епидемиолошката состојба со коронавирусот.
Плановите се стадионите во овие градови да имаат меѓу 20 и 30 проценти места на трибините.
На Вембли ќе има 90.000 гледачи на трибините за време на ЕП, Англичаните ги укинуваат мерките