Навивачите се кренаа против ВАР: Ја убива играта

твитер

Имплементацијата на ВАР –технологијата во Премиер лигата им донесе многу главоболки на екипите но и на навивачите кои одлучија да тргнат во „војна“ со видео технологијата.

На првиот денешен натпревар од 22. Коло во Премиер лигата помеѓу Кристал Палас и Арсенал, домашните навачите го искажаа својот револт од ВАР-технологијата.

Фановите сметаа дека дека консултацијата на судиите директно влијае на резултатот, играта и атмосферата и поради тоа на свој начин покааа дека се против видео технологијата.

„Ја убива страста, ја убива атмосферата, ја убива играта. Крај за ВАР“, стои на транспарентот на фановите на Кристал Палас, а  поддршка на социјалните мрежи добиваат и од останатите навивачите на премиерлигашите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот