Навивачите посилни од Златан: Уништена статуата во Малме

твитер

Фановите на Малме не му го простија предавството на одличниот фудбалер.

Навивачите на Малме, клубот во кој Златан Ибрахимовиќ ја започна фудбалската кариера тешко ја прифатија веста дека тој купи акции во најголемиот ривалски клуб, Хамарби, и веќе неколку месеци не му даваат мир на одличниот фудбалер.

Фановите прво ја „нападнаа“ статуата на Ибрахимовиќ, исто така го нападнаа неговиот дом, а сега конечно успеаја во намерата, ја уништија статуата.
Имено, според весникот „Афтенбладет”, неидентификувани лица ги исекоа нозете и околу главата ставија шал на шведската репрезентација. Во близина на уништената статуа имаше и натпис „Отстрани”.

Статуата на Ибрахимовиќ беше поставена пред три месеци. Тежи 500 килограми, висока е 2,7 метри.

Ибрахимобиќ во петокот и официјално потпиша шестмесечен договор со италијанскиот Милан, со можност за продолжување на дополнителни 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот