Навивачите покренаа петиција: Да не дозволиме ФК Вардар да згасне!

И во октомври сега веќе поранешниот тренер на Вардар, Александар Васоски кој денеска и официјално го напушти кормилото, апелираше да се среди ситуацијата во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Тогаш за веб изданието на „Слободен печат“ изјави дека клубот го мачи нешто, а тоа е од егзистенцијален карактер, со долгови, неразјаснета ситуација, а и тој како голем борец и карактер се нафати во намерата да помогне.

Во тој спас се вклучија и навивачите кои покренаа петиција за спас на ФК Вардар. ТОА МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ТУКА

– До Град Скопје, Раководство на Фудбалски клуб Вардар

Ние, навивачите на ФК Вардар, револтирани од кризата во која западна најтрофејниот македонски фудбалски клуб, вознемирени од блокадата на сметките на клубот, бесни поради неспособноста на сегашното раководство и незаинтересираноста на властите да се изнајде одржливо решение за гордоста на нашиот град и Македонија, загрижени од можноста ФК Вардар да згасне, со надеж дека ќе го поттикнеме Градското собрание повторно да го земе клубот под своја закрила,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1. Сегашното раководство да ја информира јавноста за тоа што се случува во ФК Вардар и да достави целосен извештај за состојбата во која се наоѓа клубот до Градот Скопје,

2. Господинот Сергеј Самсоненко да ги исплати долговите што клубот ги должи и да го врати ФК Вардар во сопственост на Град Скопје со чиста сметка,

3. Во случај г-дин Самсоненко да не ги подмири долговите, Градот Скопје да го преземе клубот и да изнајде начин за подмирување на долговите со цел стабилизирање на ФК Вардар.

АЈДЕ ДА СИ ГО СПАСИМЕ КЛУБОТ!

СПАС ЗА ФК ВАРДАР МОРА ДА ИМА!

Васовски повеќе не е тренер на Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот