Навивачите од 1 мај повторно на стадионите во Италија!?
На стадионите низ цела Италија публиката ќе може да се врати од 1 мај, најавуваат тамошните медиуми.
Ограничен број на луѓе ќе можат да присуствуваат на натпреварите во Серија А, а според најавите, максималната бројка се очекува да биде до 1000 лица, љубители на фудбалот.
Од друга страна, на мечевите кои одржуваат во салите бројот на навивачи ќе биде ограничен на 500.
Така, во финишот на шампионатот ќе има навивачи во Калчото, а најсреќни се оние на Интер, кој е најблиску до титулата, прв од 2010 година, ќе може, секако доколку биде првопласиран на табелата, да ја прослави со своите фанови.
Денеска на програмата се четири натпревари 31 коло во шампионатот, од 15.00 часот ќе играат Кротоне-Удинезе и Сампдорија-Верона, од 18.00 Сасуоло-Фиорентина, и од 20.45 Каљари-Парма.
Италија со „зелено“ светло: Ќе има навивачи на стадионот „Олимпико“ за ЕП!