Навивачите очекуваат отказ, но Покетино не се предава! – Слободен печат
СпортФудбал

Навивачите очекуваат отказ, но Покетино не се предава!

Аргентинскиот менаџер на „петлите“ нема намера да ја напушти клупата, иако навивачите бараат веднаш да си оди од Лондон.

Тотенхем после дебаклот во Лигата на шампионите дома од Баерн Минхен (2:7), денеска доживеа уште еден срамен пораз на гостувањето во рамките од Премиер лигата од послаборангираниот Брајтон (3:0).

На овој начин продолжува кризата во редовите на европскиот вицешампион предводен од Маурицио Покетино, а освен тоа голманот Уго Љорис имаше тешка повреда на лактот, поради која заврши во болница.

– Примивме гол во раната фаза и останавме без капитенот, тоа беше страшен удар за екипата. Не можевме потоа да се кренеме. Баравме некои решенија, но беше невозможно да се најдат – рече аргентинскиот менаџер на Тотенхем.

За првпат во својата ера Тотенхем се наоѓа во ваков лош период. Се зборува за негова смена и заминување во Манчестер јунајтед, а ова е само уште еден доказ дека Покетино повеќе не владее целосно со соблекувалната.

– Сакам да продолжам да работам во овој клуб. Се надевам дека сите мене ќе ме критикуваат, а не играчите, бидејќи на нив им е исто тешко. Сигурен сум дека можеме да бидеме подобри, но мораме да бидеме силни – додаде Покетино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close