Навивачите на Веспрем го „окупираа“ Келн! (ФОТО)

EHF/Heimken,Hocevar,Lämmerhirt,Stadler

Веспрем ќе биде екипата која денеска ќе им се спротивстави на македонските шампиони како последна пречка до искачување на врвот.

Веспрем вчера го победи Келце и покажа дека во Келн е дојден по трофејот, нешто што сонува една деценија откако унгарскиот тим започна сериозно да вложува во екипата.

Од друга страна, Вардар оваа сезона се надмина себе си, ретко кој очекуваше дека ќе стигнат во најдобрите осум екипи, па следеше оној тежок двомеч со Пик Сегед, каде на реваншот во Унгарија се враќаше исто така од голема негатива. Покажа карактер и на тој дуел, се врати речиси од загубен двомеч, но Вардар е навистина чудо оваа сезона.

Финалето во „Ланксес“ арената ќе се игра од 18.00 часот, навивачите на двата тима полека се насочуваат кон локацијата каде што вечерва ќе се дознае новиот шампион.

Без сомнение и денеска се очекува Вардар од навивачите да ја добие неопходната поддршка од трибините каква што имаше и во полуфиналниот дуел со Барса.

Но, и Унгарците ќе имаат свои фанови во многу поголем број, Келн е „окупиран“ од сите страни…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот