Навивачите на Штутгарт собираат пари за да ја платат клаузулата за Меси

epa08604377 Lionel Messi of Barcelona in action during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Иако се свесни дека не можат да дојдат до бројката од 700 милиони евра, собраните пари ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Лионек Меси ја извести Барселона дека повеќе не се гледа како дел од клубот и официјално побара да си замине од клубот по 17 години минати во првиот тим, и уште три како дел од академијата Ла Масија.

Иако речиси сите веруваат дека доколку си замине од „Камп Ноу“ следна дестинација на Аргентинецот ќе биде Манчестер сити, фановите на германскиот Штутгарт имаат поинакво мислење и обидот за забава се претвори во сериозна намера.

Имено, тие од забава покренаа кампања која според „Кикер“ има за цел да соберат средства за да се донесе Меси во Штутгарт. Откупната клаузула на Лионел Меси изнесува 700 милиони евра.

Иако се свесни дека не можат да дојдат до сума од 700 милиони евра, организаторите на кампањата веќе знаат знаат што ќе направат со собраните средства.

„Доколку не успееме на време да ги собереме средствата или Меси замине во друг клуб, сите пари ќе бидат проследени на сметката на компанијата „Viva con agua“, стои на сајтот на кампањата.

Станува збор за непрофитна организација која се обидува да обезбеди вода за пиење за сиромашните луѓе низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот