Навивачите на Севиља ќе го бојкотираат натпреварот со Реал Мадрид поради Винисиус

фото: EPA-EFE/Kai FORSTERLING

Севиља и Реал Мадрид во сабота ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“, во претпоследното коло во шпанското првенство, натпревар кој е многу важен за двете екипи.

Реал сака да го задржи второто место во лигата, додека Севиља со бодови може да стигне до местата кои водат во европските натпреварувања.

Но, се чини дека Севиља нема да има целосна поддршка на стадионот. Според медиумите блиски до Севиља, најверните навивачи решиле да не доаѓаат на стадионот поради преседанот што се случи оваа недела. Имено, црвениот картон на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор против Севиља е поништен.

Бразилецот во текот на целиот меч трпеше расистички навреди од трибините, а тоа ескалира во последните моменти кога играчот на Реал удри противник и доби црвен картон. После тоа, судиите на ВАР беа суспендирани бидејќи не видоа дека Винисиус всушност прво бил фатен за врат од противникот.

Навивачите на Севиља сметаат дека нема доволно докази за да се поништи црвениот картон на Винисиус и затоа не сакаат да дојдат на мечот. Тие ги повикаа и сите останати навивачи на клубот од Андалузија да го следат нивниот пример и да ги бојкотираат натпреварите.

ВИДЕО | Винисиус после срамните сцени во Валенсија: Расизмот е нормален во „Ла Лига“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот