Навивачите на Реал го најдоа „виновникот“ за лошата сезона!

epa08849873 Alaves' players celebrate their first goal during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Deportivo Alaves held at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, central Spain, 28 November 2020. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Читателите на шпанската „Марка“ завршија со гласањето на прашањето кој е најголемиот „виновник“ за досегашната лоша сезона на Реал Мадрид.

38% од читателите ги обвинуваат играчите, 28% тренерот на клубот Зинедин Зидан, а 26% сметаат дека недостатокот на трансфери минатото лето е главната причина за лошите игри. Само 6% ги одвојуваат повредите, а 2% распоредот на натпреварите.

Дури 65% од читателите сакаат Зидан да добие отказ доколку Реал не се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Од друга страна, 57% од фановите на „кралската“ екипа сè уште веруваат дека тимот ќе се најде во осминафиналето.

Во групата „Б“ од ЛШ води Борусија Менхенгладбах со осум бодови, пред Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид кои имаат по седум, а Интер. Двојките за шестото последно коло се Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах и Интер – Шахтјор Доњецк.

Во исто време, составот од Сантјаго Бернабеу не блеска ни во „Ла Лига“ каде што е само на четвртото место по 10 одиграни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот