Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

epa08894913 Juventus' goalkeeper Gianluigi Buffon reacts during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs Juventus FC at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 19 December 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Џанлуиџи Буфон по завршување на сезоната одлучи да се се врати во тимот во кој ја започна професионалната кариера. Легендарниот голман потпиша двегодишен договор со Парма, екипа која ја напушти во 2001 годна по што се пресели во Јувентус, а по точно 20 години се враќа во матичниот клуб за да ја заврши кариерата.

Ова делува како вистинска фудбалска бајка бидејќи Парма следната сезона ќе игра во Серија Б, а клубот на фантастичен начин го престави Буфон кој треба да ја врати екипата во Серија А. Парма го претстави Буфон со фантастично видео кое го нарече „Супермен се враќа дома“, а под исто напиша „Се врати таму каде што припаѓа, се врати дома“.

Сепак, навивачите на Парма не се многу воодушевени од враќањето на Буфон бидејќи не можат да му простат што во 2001 година ја напушти екипата и се пресели во Јувентус.
Си замина како платеник, не можеш да се вратиш како херој… Почитувај го дресот“, пишуваше на транспарентот кој навивачите на Парма го поставија пред стадионот.

Буфон по 20 години се врати во Парма, а соиграчите со кои го освои првиот трофеј одамна се пензионери и се татковци на негови соиграчи, политичари, тренери…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот