Навивачите на ПАОК го „запалија“ Солун (ВИДЕО)

Навивачите на ПАОК приредија навивачки перформанс со кој го „запалија“ Солун во исчекување на шампионската титула во грчкиот шампионат која ја чекаат дури 34 години.

ПАОК на две кола до крајот на шампионатот има 74 бодови, пет повеќе од Олимпијакос и доколку денеска (18 ч.) триумфираат пред своите гледачи против отпишаниот Левадијакос, конечно ќе ја освојат долгоочекуваната титула.

Токму поради тоа верните навивачи на ПАОК приредија пиротехничко шоу  на улиците низ Солун како дополнително би ги мотивирале своите фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот