Навивачите на Наполи го окупираа хотелот во кој се наоѓа Меси и изненадија со потегот (ВИДЕО)

Вечерва во во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите се среќаваат Наполи и Барселона.

Фудбалерите на Барселона уште вчера допатуваа во Неапол каде вечерва ги очекува пресметка со Наполи. Каталонците веќе одработија еден тренинг на „Сан Паоло“ и заминаа во хотелот кој се наоѓа во центарот на градот.

Фановите на Наполи кога дознаа каде се сместени фудбалерите на Барселона, многу брзо се сообраа пред хотелот. Иако медиумите очекуваа дека фановите нема да им дозволат на фудбалерите на Барселона да имаат мир, тие изненадија со својот потег.

„Газета дело Спорт“ пишува дека навивачите на Наполи го извикуваа името на Лионел Меси. Според италијанските медиуми, освен Диего Марадона кој има статус на божество кај навивачите на Наполи, досега ниту еден фудбалер не бил пречекан како Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот