Навивачите на Манчестер јунајтед во војна со сопствениците, повикуваат на бојкот на дербито со Ливерпул

Навивачите на Манчестер јунајтед бараат заминување на сопствениците на клубот, американското семејство Глејзер/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Навивачите на Манчестер јунајтед уште по поразот во првото коло во Премиер лигата од Брајтон и тоа на „Олд трафорд“ почнаа да повикуваат на бојкот кој би требало да започне идната недела.

Ова е продолжување на војната на навивачите на Јунајтед против сопствениците на клубот, американското семејство Глејзер, и сега сакаат да започнат со бојкот на домашните натпревари. Тие се подготвени бојкотот да го започнат токму со најголемото англиско дерби, Манчестер јунајтед – Ливерпул.

Навивачката група „1958“ најави и протести пред големото англиско дерби, тие ќе организираат марш до стадионот каде треба да пристигнат половина час пред да дојде тимот. Тие минатата сезона организираа протести пред натпреварите со Брајтон и Норич.

– За натпреварот со Ливерпул планираме протест за оние кои сакаат да ни се придружат. Во знак на поддршка за оние што ќе одат на натпреварот и за оние што нема да одат, сакаме да покажеме колку сопствениците го загубија контактите со навивачите. Сите идеи се добредојдени, ги повикуваме сите кои имаат планови да не контактираат за да им дадеме помош, совет. Сите ние сме на иста страна и тоа е најважно. Ова е војна, а не обична битка. Биди подготвени. Рибата смрди од главата – соопшти навивачката група „1958“.

Јунајтед му даде зелено светло на Роналдо да си оди

Јунајтед со вклучи во трката за потписот со Обамејанг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот