Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Навивачите на Манчестер јунајтед поради новиот стадион ќе плаќаат поскапи влезници

Maнчестер јунајтед одлучи да ги поскапе цените за сезонските влезници за за наредната сезона за околу пет отсто со цел да ги ублажи финаниските проблеми во кои се наоѓа.

Најавеното поскапување значи дека цените на влезниците ќе бидат поскапи за околу 2.5 фунти (три евра).

„По 11 години замрзнати цени во последните две години ги зголемивме цените за пет отсто, а истото планираме да го направиме и за следната сезона со цел да ги намалиме трошоците на работење. Сфаќаме дека поскапувањето не е добредојдено, посебно во текот на слабите резултати на теренот, но клубот одлучи дека не е праведно да ги задржи истите цени додека трошоците растат“, изјави извршниот директор на клубот, Омар Берада.

Навивачите на Манчестер јунајтед истакнаа дека поскапувањето е пониско од тоа што очекувале, но сепак изразија незадоволство затоа што воопшто го има.

Ќе потсетиме, клубот минатито месец објави дека ќе отпушти 150 до 200 вработени со цел да ги намали трошоците. Очекувањата се новиот стадион кој ќе има капацитет од 100.000 места да чини околу 2.4 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот