Навивачите на Малме го победија Златан, неговата биста ќе биде преместена

Бистата на Златан Ибрахимовиќ која во јануари годинава беше тргната од локацијата пред стадионот на Малме откако неколку пати беше оштетувана, по обновувањето ќе биде преместена на друга локација.

На три метри високата биста на Златан Ибрахимовиќ во октомври минатата година, прво и беше оштетен носот, потоа беше обоена со сребрена боја, а на крајот и беа исечени нозете со моторна пила по што беше тргната од локацијата пред стадионот на Малме.

Сите оштетувања на бистата им се припишуваат на бесните навивачи на Малме кои се почувствуваа навредени од потегот на Ибрахимовиќ кој купи акции од големиот ривал Хамарби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот