Навивачите на Ливерпул ја тужат УЕФА, бараат отштета за хаосот на финалето на ЛШ

Навивачи на Ливерпул со билети не успеаја да влезат на стадионот „Франција“ и да го следат финалето во ЛШ / Фото: David Klein / Zuma Press / Profimedia

Повеќе од 1.700 навивачи на Ливерпул поднесоа тужба против Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради хаосот со билетите на овогодинешното финале во Лигата на шампионите во кое „црвените“загубија од Реал Мадрид во Париз.

Финалето што се играше на стадионот „Франција“ во Париз доцнеше 36 минути бидејќи многу навивачи на Ливерпул не можеа да влезат на стадионот ако имаа уредно купени билети.

Навивачите на Ливерпул поради тоа бараат отштета од УЕФА за психичките и физичките повреди кои ги добиле поради, лошата организација.

Адвокатската фирма Бингамс која застапува поголем дел од навивачите на Ливерпул, соопшти дека е ужасната од приказните на оние кои се обиделе да влезат на стадионот на 28 мај.

– Како долгогодишен навивач на Ливерпул, бев ужаснат кога слушнав што се случи на натпреварот што требаше да биде круна на фудбалската сезона. Не само навивачите, туку и моите пријатели, членови на семејството и клиенти кои беа на стадионот тој ден зборуваа за страшните сцени што се случуваа околу стадионот пред, па дури и по натпреварот – изјави еден од адвокатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот