Навивачите на Лацио кои му се воодушевуваат на Аркан, главни во римското нарко-подземје

EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Полицијата ја отвори истрагата на почетокот од август откако во еден од римските паркови беше убиен Фабрицио Пишители наречен „Дијаболик“. Токму убиството на „Дијаболик“ беше причина да започне детална истрага за „Irriducibili“ чија идеологија е фашистичка и еден од идолите им е убиениот лидер на српките паравоени формации, Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Според истрагата, навивачката група за девет месеци успеала во Рим да внесе дрога во вредност од дури 120 милиони евра, а првиот удар за „Irriducibili“ беше минатонеделното апсење на 50 припадници на нарко-мафијата поврзана со навивачите на Лацио, а акцијата ја спроведе Одделението за сузбивање на мафијата, во Италија е познато како Антимафија.

Полицијата почна да го стега обрачот околу оваа навивачка група, односно подгрупа „Irriducibili“ откако беше убиен нејзиниот лидер Фабрицио Пишители „Дијаболик“. Веднаш по убиството на Пишители, неговото семејство ја демантираше поврзаноста со мафијата, но истрагата на полицијата покажа нешто сосема друго. Популарниот „Дијаболик“ кој има неколку правосилни судски одлуки и неколку незавршени судски процеси, има и имот во вредност од два милиони евра.


Според италијанските медиуми, истрагата покажала дека Пишители заминал во еден од римските паркови на „деловен состанок“, со личност која му должела 100.000 евра за кокаин. Оваа информација, полицијата ја дознала од своите доушници, по што започна истрага која резултираше со апсење на 50 припадници на нарко-мафијата.

Една од најозборуваните теории за убиството е дека „Дијаболик“ сакал да направи директен линк со картел во Колумбија и со тоа да ги избегне посредниците. Тој подготвил дури еден милион евра за оваа работа и се шпекулира дека токму поради тоа е и убиен од соработниците.

„Рим е главен град, дури и за мафијата“, изјави регионалниот шеф на „Антимафија“, Франческо Гошу кој откри дека во Рим доаѓа кокаин од Колумбија и Бразил, а хашиш од Мароко.

Истрагата исто така покажала дека групата предводена од „Дијаболик“ во последните девет месеци на римскиот нарко пазар внесла 250 килограми кокаин и 4.250 килограми хашиш во вредност од 120 милиони евра. За чување и транспорт на дрогата низ вечниот град била задолжена компанијата „Autotransporti Roma Est“.

Откако започна детална истрага за работата на транспортната компанија, полицијата го изврши спектакуларното апсење, а меѓу нив бил и брокер Фабрицио Фабијати кој невнимавајќи во еден телефонски разговор се пожалил дека „мора да го снабдува цел Рим“.

„Станува збор за криминална група која нема конкуренција во другите италијански градови. Ова е група која не ги поврзува само спортскиот туку и политичкиот криминал – изјави римскиот јавен обвинител, Микеле Престипино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот