Навивачите на Јунајтед со чадни бомби го нападнаа домот на Вудворд (ВИДЕО)

twitter/Football Tweet

Повеќе десетици навивачи на Манчестер јунајтед во вторникот вечерта со факели и чадни бомби ја нападнаа куќата на потпредседателот и извршен директор на тимот, Ед Вудворд.

Инцидентот се случил во областа Чешир, Северозападна Англија, а на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека навивачите на Јунајтед  фрлаат чадни бомби и факели кон домот на Вудворд, ја испрскаа со боја портата, а притоа хулиганите скандирале „Вудворд мора да умре“.


„Известени сме за инцидентот во близина на домот на еден од нашите вработени. Знаеме дека фудбалскиот свет ќе се обедини со нас. Ние веќе соработуваме со полицијата во Манчестер за утврдување на идентитетот на лицата кои учествуваа во инцидентот. Веруваме дека на лицата кои учествуваа во овој инцидент ќе им биде забрането да ги гледаат мечевите на Јунајтед. Прво поради своето мислење, а второ поради криминалното однесување и загрозување на живот“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

За време на нападот, Ед Вудворд, неговата сопруга и двете малолетни деца не биле во домот.
Навивачите на Јунајтед се незадоволни поради катастрофалните резултати на екипата во Премиер лигата и сезонава воопшто, а неодамна на натпреварот од ФА купот против Транмере, тие му упатуваа закани на Вудворд кого го сметаат за главен виновник за слабите резултати.

Манчестер јунајтед вечерва (20.45) му гостува на Манчестер сити во полуфиналниот реванш натпревар од Лига Купот. Првиот натпревар заврши со триумф на „граѓаните“ од 3:1, а првиот финалист е Астон Вила која го елиминира Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот