Навивачите на Фиорентина со закани кон Влаховиќ: „Готов си, ниту телохранителите нема да те спасат“

Душан Влаховиќ ќе ги има медицинските прегледи, па ќе следува официјален потпис со клубот од Торино/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Навивачите на Фиорентина се гневни на својот најдобар играч Душан Влаховиќ бидејќи се наоѓа пред преселба во Јувентус.

Изминатите неколку месеци откако започнаа шпекулациите дека српскиот репрезентативец сака да си замине од Фиорентина, навивачите на „виолетовите“ му порачаа дека може слободно да си оди, само тоа да не биде нивниот најомразен клуб, Јувентус.

Бидејќи последните информации од Италија велат дека Влаховиќ се наоѓа пред трансфер токму во Јувентус, навивачите на Фиорентина збеснаа и низ Фиренца поставија транспаренти со заканувачки и навредливи пораки за фудбалетот.

„Ниту телохранителите нема да те спасат. Цигану, готов си!. Влаховиќ, го**ару готов си“, пишува на транспарентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот