Навивачите на Фенербахче преку СМС пораки ја плаќаат платата на Озил
Месут Озил пред неколку дена и официјално стана нов фудбалер на Фенербахче, а добар дел од платата ќе ја обезбедуваат навивачите.
Озил потпиша тригодишен договор со кој ќе заработува 3.94 милиони евра по сезона, а згора на тоа доби и пет милиони евра како бонус за потпис со Фенербахче кој не се наоѓа во најдобра финансиска ситуација.
Поради тоа, претседателот на Фенербахче, Али Коч, покрена акција со која навивачите преку СМС пораки ќе му помогнат на клубот и со тоа би ја финансирале платата на Озил.
Со една испратена порака на бројот 1907 (година во која е формиран Фенербахче), секој навивач донира околу 2.5 евра на клубот, а од почетокот на оваа акција беќе се испратени повеќе од 160.000 евра, со што на сметката на Фенербахче се „легнати“ нешто повеќе од 325.000 евра.
Претседателот на Фенербахче смета бројката набрзо ќе изнесува 300.000 или 500.000 поради, но тој се надева дека навивачите ќе испратат вкупно еден милион СМС пораки.