Навивачите на Феенорд ги нападнаа своите фудбалери по дебаклот од Ајакс (ВИДЕО)

принтскрин

Холандското дерби помеѓу Ајакс и Феенорд, популарниот „De Klassieker“ кој му припадна на тимот од Амстердам со убедливи 4:0, ги разгневи фановите на Феенорд и тие на своите фудбалери им приредија пеколен пречек.


Холандската полиција не дозволува гостински навивачи на „De Klassieker“ и поради тоа најверните навивачи на Феенорд не отпатуваа за Амстердам, но тоа не ги спречи својот бес да го покажат подоцна.

Тие вооружени со вообичаените навивачки реквизити, чадни бомби, факели, шишиња и шипки го чекаа автобусот со фудбалерите. Тие фрлаа се што им се најде при рака кон автобусот, се додека тројца фудбалери во име на целиот тим не излегоа пред гневните навивачи. Изборот падна на капитенот Стивен Берхуис, Лирој Фера и Рик Карсдорп.

– Останав поради васм Лерој се врати од Англија поради вас. Дали навистина мислите дека намерно загубивме? – им рече Берхуис на навивачите и успеа да ја смири тензијата и да ги спаси соиграчите од евентуален линч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот