Навивачите на Барселона претераа: Ако станам убиец, првата жртва да ми биде фан на Еспањол

Фановите на Барселона на градското дерби на резервните екипи против Еспањол извикуваа скандалозни слогани.

Фудбалската јавност во Шпанија е шокирана и згрозена од однесувањето на навивачите на Барселона на стадионот „Јохан Кројф“.  Тие извикуваа „Смрт за Еспањол“, а пееја и песна во која се повикува на убиство: „Доколку морам да станам убием, тогаш првата жртва нека ми биде навивач на Еспањол“.

Од трибините можеше да се слушне и нацистичкиот „Sieg heil“, а посебно грозно и шокантно делуваше нивното навредување кон починатиот фудбалер на Еспањол, Дани Жарке: „Доколку Дани Жарке постигне гол, тој ќе биде фантомски“.


Жарке е поранешен капитен на Еспањол кој во 2009 година почина од срцев удар на 26-годишна возраст. Една година подоцна, фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста, откако го постигна победоносниот гол во финалето на Светското првенство , тој при славањето на голот го соблече дресот, а под него имаше маица со натпис: Дани Жарке, засекогаш со нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот