Навивачите на Барселона му се извинија на Брајтвајт за пречекот

twitter/Proper Football

Најновото засилување на каталонците дебитираше во саботата и тоа на „Камп Ноу“.

Мартин Брајтвајт одигра 20-тина минути ви убедливата победа на Барселона од 5:0 против Еибар, само неколку дена откако дојде до екипата од Леганес.

Тој имаше и една шанса за гол, но голманот на Еибар му го одбрани шутот, а медиумите се задоволни од неговиот настап.


Весникот „Мундо Депортиво“ дури и му посвети посебен текст на Брајтвајт притоа споредувајќи го со легендарниот шведски напаѓач Хенрик Ларсон. Швеѓанецот пред крајот на кариерата пристигна во Барселона со намера да биде замена за Самуел Ето и одлично си ја заврши својата задача.

Навивачите веруваат дека и Брајтвајт може да биде како Ларсон, да биде достојна замена кога не би играл Луис Суарез и поради тоа почнаа да му се извинуваат преку социјалните мрежи за лошиот прием што го имаше фудбалерот при доаѓањето на „Камп Ноу“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот