Навивачите на Барселона избраа: Миленикот на Меси има предност пред Нејмар

twitter/AfricaZilla

Фановите во анкетата на каталонскиот весник „Спорт“ го одредија Лаутаро Мартинез како идеално засилување на екипата во летниот преоден рок.

Барселона моментно се наоѓа во хибернација поради коронавирусот, но управата ги крои плановите за моментот кога ќе се продолжи со натпреварувањето.

Главен приоритет на челниците на екипата е ангжман на нов напаѓач кој ги го заменил 34-годишниот Луис Суарез на кого времето полека му поминува. Изборот за ново засилување е сведен на само две имиња.

Првото е на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој пак според шпанските медиуми е голема желба и на првата ѕвезда на екипата, Лионел Меси.
Но, исто така не е тајна дека Меси не би имал ништо против враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“ и во него го гледа идеалниот наследник и предвовник на екипата по неговото пензионирање.

Весникот „Спорт“ одлучи да ги праша своите читатели и навивачи на Барселона, кого би сакале да видат во новата сезона. Весникот им даде три опции за одговор, Лаутаро, Нејмар или двајцата?

Очекувано, најголем дел од 17.000 гласачи се одлучија за двајцата – дури 56 проценти. Но, знаејќи дека Барселона нема пари за да ги купи и двајцата, Интер бара 111 милиони евра, а ПСЖ најави дека без понуда тешка 150 милиони евра, ниту една екипа да не се обидува да преговара.

На второто место во анкетата се најде Лаутаро Мартинез за кого гласаа 28 проценти од читателите, додека Нејмар доби 16 проценти од гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот