Навивачите на Барса се посрамија: Нападнаа волонтер кој е фан на Еспањол (ВИДЕО)

Двајца навивачи на Барселона кои се дел од групата „Boixos Nois“ пред болница во каталонскиот град го пресретнаа водачот на навивачите на Еспањол и го нападнаа.

На видео снимката која се појави на социјалните мрежии јасно се гледа како навивач на Барселона му приоѓа на човек кој излезе од болницата по што му се обраќа на својот пријател:

„Знаеш кој е ова? Тоа е Фреди!“, рече навивачот на Барселона пред да почне да го удира другиот човек, кој е еден од лидерите на навивачите на Еспањол, кој на крајот успеа да им избега на хулиганите.

Настанот се случил пред болница во Барселона каде и двете навивачки групи дојдоа да им помогнат на здравствените работници во борбата против коронавирусот.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот