Навивачите на Барса незадоволни, Меси „исчезна“ од заминувањето на Роналдо!

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Вчера во „Ел Класико“ составот на Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во најважниот натпревар од шпанскиот фудбал.

Каталонците можеа да дојдат до бод на ова гостување против големиот ривал, но во последниот напад ја погодија пречката.

Исходот може да беше различен доколку најдобриот фудбалер на Барса, Лионел Меси беше на свое препознатливо ниво. Аргентинецот одигра 45 натпревари против Реал Мадрид, постигна 26 гола и асистираше 14 пати, има скор од 19 победи, 11 нерешени средби и 15 порази, но од заминувањето на Кристијано Роналдо, тој како да „исчезна“ од најважниот меч во Шпанија.

Звучи нереално, но на последните седум „Ел Класико“ мечеви, Меси нема гол, ниту асистенција.

Последниот погодок го имаше во мај 2018 година, во нерешениот резултат 2:2 во кој стрелец беше и Кристијано Роналдо, на неговото збогување од најголемото светско ривалство. Оттогаш поминаа 567 минути „пост“ на Меси против најголемиот ривал, а синоќешното дерби беше веројатно последното, бидејќи се најавува дека Меси ќе ја напушти Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот