Навивачите на АЕК Атина немаат дилема: Тони Савевски е најдобар странец на сите времиња

Големо признание за македонскиот фудбалер.

Легендарниот фудбалер на Вардар и член на шампионската генерација од 1987 година е избран за најдобар странски фудбалер во историјата на грчкиот АЕК Атина.

Изборот го организираше самиот клуб, а во него повеќе од 7.000 фанови го дадоа својот глас.

Савевски освои дури 47% од гласовите и е убедливо прв, дури и пред легендарниот Бразилец Ривалдо кој освои 16% пд гласовите.

Тој за грчкиот тим играше 11 години и притоа успеа да осви четири шампионски титули и има три титули од грчкиот Куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот