Навивачите му фаќаат сеир, „Пол Пирс исчезна“

Пол Пирс, поранешниот кошаркар на Бостон селтикс, кој сега работи како аналитичар за телевизијата ЕСПН, изјави дека серијата помеѓу Бостон и Милвоки е готова и дека екипата на Мајк Баденхолзер, не може да направи пресврт.

Бостон како гостин победи во првиот натпревар, но потоа ги загуби сите четири натпревари по ред и Милвоки обезбеди пласман во финалето на Источната конференција.
Навивачите едвај ја дочекаа елиминацијата на Бостон и почнаа да му фаќаат сеир на Пирс.

https://twitter.com/AdrianaMendez/status/1126603339616215041

„Исчезнат – дали сте го виделе? Последен пат е забележан на 28 април зборувајќи некакви глупости на ЕСПН. Доколку го пронајдете, контактирајте го Банго на 1-414 -Buc – KNS5“, стои на лист хартија кој беше расфрлан низ Милвоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот