Навивачите може да уживаат во големото ракометно дерби, влезот за натпреварот Вардар – Е. Пелистер е слободен

Првото големо ракометно дерби сезонава ќе се игра пред гледачи за кои влезот ќе биде слободен / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Првото големо дерби во ракометната Супер лига помеѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер ќе се игра в недела од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Управата на „црвено-црните“ одлучи да ги израдува ракометните фанови и влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да го следат натпреварот во живо.

За да можат да присуствуваат на трибините во СЦ „Јане Сандански“ на дербито помеѓу Вардар и Е. Пелистер, секој навивач на самиот влез секој гледач ќе треба да покаже:

сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против коронавирус, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот